Селекторот на Австрија Франко Фода задоволен од старот на неговите избраници. Иако во текот на целиот меч доминирапе Македонија, сепак, на крајот Австрија обезбеди три бода.

Среќни сме што ги освоивме првите три бода на овој турнир, против силна репрезентација. Измените дадоа плод. И Марко Арнаутовиќ и Михаел Грегорич. Се работи за квалитетни фудбалери, кои во дадената ситуација, го дадоа она за што беа ставени во игра. Имавме контрола на играта и тоа вроди со плод. Задачата на Грегорич е да дава голови и тоа и го стори. Се работи за исклучително квалитетен фудбалер, изјави Фода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.