Екипата на Рома вечерва на „Олимпико“ славеше против шампионот Јувентус со 2-0, а трите бода ги оставија домаќините во трка за место кое води во Лигата на Шампионите следната сезона.

Во првиот дел гостите имаа неколку одлични шанси, но одбраните на Миранте го спасија голот на Рома. На 10 тина минути пред крајот на мечот Флоренци беше прецизен за 1-0, а конечниот резултат го постави Џеко во судиското продолжение.

Оваа победа ја остави Рома во трка за четвртото место кое води во Лигата на шампионите следната сезона, но во последното коло екипата од Рим ќе мора да чека кикс на Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.