Tренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик и официјално си заминува.

Германскиот стратег за неговата желба го информирал клубот уште во средата, а денес им соопштил и на фудбалерите.

„Ќе го прекинам мојот договор ова лето. За мене беше важно тимот да дознае, управата на клубот ја информирав уште по елиминацијата од ПСЖ“, изјави Флик за „Скај“.

Флик во Баерн дојде во ноември 2019 година како замена за Нико Ковач и со германскиот гигант успеа да освои се: Бундеслигата, германскиот куп, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот, германскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.