Еден од оние кои неуморно работи на производство на фудбалска иднина во Македонија е ФК Кул, од населбата Кисела Вода. Станува збор за фудбалски клуб за деца кои денеска во Охрид на терените на „Билјанини Извори“, генерацијата составена од играчи кои се родени 2009 година одиграа контролен натпревар против екипата на Ла Масиа.

 

На дуелот паднаа дури 11 гола, а на крајот како победник со 7:4 излезе токму фудбалскиот клуб од Кисела Вода предводен од тренерот Ѓорѓија Нешовски.

Се играа три полувремиња од по 20 минути. Иако првата шанса ја имаше Давид Јовевски, која остана нереализирана, Ла Масиа беше тимот кој успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Сепак следеше пресврт, кога противничката мрежа на два пати ја погоди Филип Дукоски за предност од 2:1.

Во вториот дел, гол постигна единственото девојче во генерацијата, Меланија Грозданова, која со одличен удар по земја, успеа да го погоди голот на Ла Масиа и да ни донесе водство од 3:1. До крајот на вторите 20 минути, екипата од Охрид постигна два гола со што резултатот беше израмнет на 3:3.

Во последниот период од 20 минути, следеше акција со хет-трик на Филип Дукоски, а во последните 10 минути од натпреварот беа постигнати три голови. Водството од 5:4 со својот прв гол го врати Петар Симоновски, за Дукоски со нов гол да зголеми на 6:4. Конечниот резултат на овој дуел ги постави Јован Гиевски, за 7:4 во корист на Кул.

Во текот на утрешниот ден ФК Кул пријателски натпревар ќе одигра со екипата на ФК Прилеп Тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.