На 28 септември 2007 година ФК КУЛ ја започна својата фудбалска приказна. Започна скромно, чекор по чекор, со истрајност и упорност стигнаа до еден од најголемите брендови за млади категории во Македонија. ФК Кул со гордост може да се каже дека има најдобри услови за млади категории, во моментот има околу 550 членови и 20 лица кои се грижат клубот да функционира беспрекорно.

Клубот е учесник со сите категории од детска, младинска – Супер Лига и сениорска лига на натпреварувања во организација на ФФМ. Зад успешноста на сите тимови белег оставаат сите генерации со учества на турнири, освоени награди и признанија. Посветеноста и истрајноста, предводени од спортскиот дух за победа се мотивација за уште многу успеси.

ФК Кул упатува голема благодарност до родителите, младите фудбалери, тренери, стручни лица и пријатели кои се дел од клубот, веруваат и го бодрат клубот да продолжи по истата патека на успехот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.