Тренерот на Фиорентина, Чезаре Прандели им ја посвети на своите навивачи победата над Јувентус со 3:0 остварена синоќа на теренот на противникот.

– Оваа победа им ја посветуваме на нашите навивачи. Тие се секогаш со нас и ги преживуваат тешките моменти на клубот. Се надевам дека овој резултат може да покаже дека работиме напорно. Бевме наградени за нашиот труд. Играчите го покажаа својот карактер. Јасно е дека сега сме на место на табелата кое не го посакуваме, изјави Прандели за „Фудбал Италија“.

Фиорентина е 14-та во италијанскиот фудбалски шампионат со 14 бода. Јувентус е на четвртото место со 24 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.