Португалската фудбалска легенда, Луис Фиго откри нови детали за своевремено скандалозниот  трансфер од Барселона во Реал Мадрид. Тој рече дека ризикувал да плати голема сума пари, во случај дека се откаже од овој трансфер.

Поминав пет прекрасни години во Барселона, како на личен, така и на спортски план. Но во текот на летото на 2000 година, на изборите за претседател на клубот требаше да победи Гаспар, на кого не му верував сосема. Се стана толку сериозно и ние стигнавме до таму, што мојот агент постигна договор со еден од кандидатите за претседател на Реал Мадрид – Флорентино Перез. Мојот претставник потпиша документ, според кој треба да ги платам сите сезонски билети на „Сантијаго Бернабеу“, во случај да не преминам во Реал, раскажал Фиго говорејќи за шпанска „Марка“.

Во Барселона ми рекоа дека можам да заминам. Тогаш не го познавав Перез, а кога тој победи на изборите, јас бев на одмор во Сардинија. Мојот агент и адвокатот дојдоа таму и ме убедија за трансферот. Потоа отидовме во Лисабон, каде неколку часа разговарав со Перез. Тогаш се јавив на својата сопруга и реков дека се селиме во Мадрид, завршил Фиго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.