ФИФА ги повика водечките фудбалски федерации и организации на состанок што би се одржал на крајот од овој месец на кој ќе се разговара за меѓународниот календар на натпреварувања, вклучувајќи го и предлогот Светското фудбалско првенство да се одржува на секои две години.

Повикот за онлајн состанок на 30 септември е испратен до националните федерации, претставници на фудбалските клубови, лигите, конфедерациите, УЕФА, како и Синдикатот на професионални фудбалери (FIFpro), пренесе денеска британската телевизија Скај Спорт.

Постои широк консензус во фудбалскиот свет да се реформира и подобри меѓународниот календар на натпреварувања. Ова е една од неколкуте можности да се воспостави конструктивна отворена расправа на светско и регионално ниво – соопштија од ФИФА.

УЕФА и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) се заканија со бојкот доколку ФИФА одлучи Мундијалите да се одржуваат на секои две години, додека Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (Конфедерацијата на Cеверна и Централна Америка и Карибите) го поддржуваат предлогот за промена на календарот на Светските првенства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.