Македонската фудбалска репрезентација ќе ја заврши 2021 година на 67-то место на ранг-листата на ФИФА, што во годината во која „црвено – жолтите“ изборија историски настап на Европското првенство и обезбедија мундијалски бараж, е за две места послаб пласман од минатогодишниот.

Белгија по четврти пат едноподруго ќе ја заврши календарската година како првопласирана на ФИФА ранг-листата, пред Бразил и Франција.

Следат Англија и Аргентина, додека европскиот првак Италија, против која македонските фудбалери ќе го играат полуфиналето во мундијалскиот бараж на 24 март во Палермо, е на шестото место. Меѓу првите десет репрезентации се и Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.