Денеска се одржа церемонијата за доделување на наградата на ФИФА за најдобар фудаблер во светот според ФИФА.

Во потесна конкуренција беа Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Вирџил ван Дајк. Очекувањата на поголемиот дел од јавноста беа Ван Дајк да ја добие оваа награда, но на крајот таа заврши кај Меси.

Исто како претходните години, Роналдо не му даде ниеден бод на својот лут ривал, а гласовите ги подели меѓу својот нов соиграч Матијс де Лихт (5), Френкки де Јонг (3) и Килијан Мбапе (1).

Меси пак му додели три бода на Роналдо, пет на Садио Мане од Ливерпул, а еден на Де Јонг. Интересно е тоа што и португалскиот селектор Фернандо Сантос не му даде бод на Меси, тој гласаше за Роналдо, Де Јонг и Де Лихт.

Меси минатата сезона со Барселона ја освои титулата во Ла Лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.