Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се одлучи за исклучително ниски цени за квалификацискиот натпревар против Словенија кој ќе се игра на 10 октомври во Скопје. Цената на билетите се движи од 50 до 200 денари. Билет за Западна трибина е 50 денари, а  150 и 200 денари ќе чинат билетите на Јужна и Северна трибина од националната арена „Тодор Проески“.

Најдобрите македонски фудбалери играат квалификации за ЕП, а по победата над Летонија и освоениот бод на гостински терен против Израел, тие на националната арена „Тодор Проески“ ќе ги одмерат силите со еден од главните конкуренти за првите две позиции во квалификациската група.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020“ – порачуваат од ФФМ.

Билетите во продажба ќе бидат пуштени од понеделник, 23. септември, а ќе можат да се купат преку продажната мрежа на MKTickets. Билети ќе можат да се купат и на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“, но за стартот на продажбата на овие места ќе следи дополнителна информација од ФФМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.