Тековното првенство во Втората македонска фудбалска лига – Запад ќе се доигра со девет екипи, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), соопшти денеска дека тимот на Вардар Форино е дисквалификуван од натамошното натпреварување.

Одлуката е донесена поради неоправдано непојавување на фудбалерите на Вардар од Форино на натпреварот од 17. коло против Гостивар закажан на 27. февруари.

Надлежната комисија на ФФМ, како што е соопштено, неодиграниот натпревар го регистрираше со службени 3:0 за Гостивар, а екипата на Вардар Форино се враќа во најнизок степен на натпреварување при матичниот Општинскиот фудбалски сојуз на Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.