Португалскиот фудбалер, Бруно Фернандеш самиот ги засили шпекулациите дека веќе го одиграл својот последен натпревар за Спортинг (Лисабон). Синоќа тој излезе со капитенската лента на пријателскиот меч против Валенсија во која „лилјаците“ победија со 2-1, а на мечот Фернандеш не успеја да ги задржи своите емоции и заплака.

Медиумите на Островот велат дека двата клуба веќе се согласиле со условите на трансферот. Според „Дејли мејл“, „црвените ѓаволи“ ќе платат 56 милиони фунти за играчот од средниот ред, додека „Мирор“ тврди дека сумата е 63 милиони.

По натпреварот, тренерот на Спортинг, Марсел Кајзер одби да потврди дека трансферот веќе е решен и изрази надеж дека Бруно Фернандеш ќе остане во тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.