Фудбалерот на Олимпик Лион, Набил Фекир е резервна опција во плановите на Реал Мадрид, пишува француски „Екип“. „Кралевите“ ќе започнат преговори со францускиот клуб за 25-годишниот фудбалер, доколку не успеат да ги обезбедат услугите Еден Азар.

Фекир е светски шампион со Франција и е еден од најдобрите играчи на Лион, а интересот за него е доста сериозен. Минатото лето, тој беше пред трансфер во Ливерпул, но договорот пропадна во последната минута.

Договорот на Фекир со Лион истекува во 2020 година, а тој веќе одби неколку понуди на претседателот на клубот, Жан-Мишел Ола, за продолжување на договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.