На денешните пет натпревари од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига екипите кои важеа за фаворити освоија по три бода.

Со остварените победи, Академија Пандев, Брегалница и Шкендија и се доближија на второпласираната Ренова која вчера загуби на дербито со Шкупи.

Резултати:

Борец – Академија Пандев 1:2

Скопје – Тиквеш 2:1

Македонија ЃП – Струга 1:1

Пелистер – Брегалница 0:3

Шкендија – Работнички 2:0

Вчера: Шкупи – Ренова 2:1.

Табела:

Шкупи 26  бода

Ренова  21

Академија Пандев  21

Брегалница  19

Шкендија  17

Струга  15

Работнички  15

Скопје  15

Македонија ЃП  11

Борец  8

Тиквеш  6

Пелистер  4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.