Една недела суспензија од страна на клубот заработи италијанскиот голман Матео Волтолини од третолигашот Реџана, откако во јавноста се појави снимка од негов секс во тоалетот на една дискотека.

Волтолини им се препуштил на страстите со неговата девојка Џулиета Ферари, но не забележале дека некој ги снима со мобилен телефон. Снимката веднаш се рашири на интернет.

Казнена мерка ќе добие и авторот на видеото кога ќе биде идентификуван, не затоа што снимал туку затоа што го дистрибуирал материјалот без знаење и дозвола на учесниците на овој чин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.