Шпанецот Францеск Фабрегас денеска се прости од Челси и од Премиер Лигата. Тој беше капитен и го предводеше тимот во денешниот триумф над Нотингем Форест (2-0), што за за него беше последен натпревар во синиот дрес.

Фабрегас кој може да се пофали со завидна фудбалска кариера, на денешниот натпревар можеше да постигне и гол, но не реализираше пенал во првото полувреме.

Во 85. минута Шпанецот беше изваден од игра и доби овации од Стемфорд Бриџ. А по последниот свиреж на судијата повторно излезе на теренот да се поздрави со навивачите и со солзи замина во соблекувалната.

Најверојатно следната дестинација за Фабрегас ќе биде Монако каде што тренер е Тјери Анри, но таквите информации допрва треба да бидат потврдени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.