Тимот на Челси не успеа да дојде до 3 бода на вчерашниот натпревар против тимот на Саутемптон на „Стемфорд Бриџ“, а последните 20 минути од оваа средба ги одигра Цеск Фабрегас за кого ова веројатно беа и последни минути во Премиер лигата.

Се очекува Шпанецот да биде во првата постава овој викенд за натпреварот од ФА Купот кој Челси ќе го игра против Нотингем Форест кога тој и официјално ќе се прости од клубот.

500 натпревари во англискиот фудбал, најдобриот и најконкурентен фудбал во светот, каква авантура беше тоа! Ми се оствари совршен сон постигнувајќи ги овие бројки. Уште еден горд момент во мојата кариера. Се гледаме на „Стемфорд Бриџ“ следната сабота, напиша Фабрегас на „Твитер“ означувајќи ги клубовите Арсенал и Челси.

Според медиумите од Островот, фаворит за потписот на Фабрегас е Монако каде Анри ќе го искористи Шпанецот за стабилизирање на средниот ред на Монако.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.