Фабио Силва, стана најмладиот стрелец во историјата на трофејниот клуб, откако Порто со сигурни 5:0 го совлада третолигашот Коимброеш во фудбалскиот Куп на Португалија.

Силва е роден во 2002 година, има 17 години и три месеци. Тој погодокот го постигна во 81. минута. Младиот фудбалер беше во почетниот состав, и ја искористи добиената шанса. Тоа е четврти клупски рекорд, што го постави тинејџерот.

Претходно, Силва стана најмлад играч на Порто кој заиграл во португалската лига, во Лигата на шампионите, и најмлад поединец кој бил во почетниот состав на официјален меч. Тој доминира во младинските категории, две сезони по ред дава повеќе од 30 голови, па затоа сега полека добива шанса и во првиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.