Комисијата за легални прашања на Европскиот Парламент усвои извештај во кој се бара забрана за нелегалниот пренос во живо на спортски настани, извештајот ќе се гласа во мај на пленарна седница, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европратениците сметаат дека нелегалниот пренос на интернет директно ги загрозува приходите кои произлегуваат од интелектуалната сопственост, а 80 отсто од овие приходи доаѓаат токму од преносот на настаните.

Преносот во живот на спортските натпревари игра важна улога во економијата и посебно за организаторите на настаните. Притоа, смета Европскиот Парламент, нелегалниот пренос кој се врши од страна на професионални веб сајтови ги изложува корисниците на безбедносни ризици од кражба на лични податоци, банкарски податоци и информатички вируси.

Opening the debate on BREXIT

Поради актуелната законска рамка која не им овозможува на спортските настани да бидат заштитени како интелектуална сопственост во ЕУ некои земји воведоа свои правила, но нема сеопфатна политика на ЕУ по ова прашања. Затоа европратениците бараат од Европската Комисија да поднесе конкретни и специфични мерки во оваа област за да може веднаш да оневозможи пристапот до сајтовите што пренесуваат без да се блокира содржината.

Отстранување на нелегалната содржина треба да настапи не подоцна од триесет минути од почетокот на настанот, стои во извештајот.

Според европратениците во прашање се “илјадници и илјадници“ нелегални преносители

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.