Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови против Ерменија во 4 коло од групата Ј во квалификациите за СП во Катар.

Новиот селектор Благоја Милевски со нерешен резултат го почна својот пат на клупата. Само 0-0 со Ерменија на Градски.

Македонија мечот го започна некако плашливо, дури во второто полувреме почна да создава шанси но без реализација.

Се гледа дека ова е нова репрезентација на која ќе и треба време да се уигра. Најмногу недостасува Пандев а неговата замена Јаховиќ речиси и да не се виде. Свој ден денеска немаа ниту Алиоски и Ристовски.
Следниот меч Македонија го игра за три дена на Исланд а на Националниот празник играме со Романија дома

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.