Кристијан Ериксен ја објави својата прва јавна изјава откако доживеа срцев удар за време на натпреварот на Данска на Евро 2020 со Финска, инсистирајќи на тоа дека „се чувствува подобро“ и „нема да се предаде“.

Ериксен колабираше на „Паркен“, па лекарите мораа да се борат за неговиот живот на лице место и за среќа сите вложени напори вродија со труд.

Во краткото соопштение објавено до „Газета дело Спорт“ преку неговиот агент Ериксен им се заблагодари на навивачите за поддршката и загриженоста и вети дека ќе дознае зошто доживеа толку ненадејна и сериозна итна здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.