Репрезентативецот на Бразил, Ентони, сподели бизарна причина зошто повеќе играчи од неговата репрезентација се разболеле за време на Светското првенство во Катар.

Пред натпреварот од второто коло, неколкумина од редовите на „кариоките“ се жалеа на настинка, а Ентони обвинува дека климатизерите на стадионите биле причина за разболувањето на повеќето играчи.

Ентони на првите два меча на бразилската селекција, против Србија и Швајцарија, ги почна од клупа и влегуваше во вториот дел на натпреварите.

Се чувствувам доста чудно неколку денови, сега добро се опоравувам и наскоро ќе бидам 100%. Станува повеќе збор за мала настинка, грип. Мислам дека виновни за тоа се климатизерите на стадионите. Тоа не беше случај само кај мене, исто беше и кај неколку други играчи. Беше тешко да прифатам дека сум болен, но сега е добро, јас сум на располагање на селекторот за кога и да му затребам на тимот“, изјави Ентони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.