Белгискиот фудбалер Еден Азар од вчера и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид. Иако Белгиецот имаше уште една година во Челзи, но одби да го потпише договорот, разделбата не му паднала лесно.

До мојот Челзи, пријателите и смејството,

Знаете сега одам во Реал Мадрид. Не е тајна дека од детството сонува да заиграм за тој клуб. Дадов се од себе да останам фокусиран на фудбалот иако беше тешко во овие шест месеци посебно поради се што се пишуваше во медиумите. Сега кога клубовите се договорија се надевам дека ме разбирате, направив нов чекор во кариерата и сакам да ги остварам своите соништа.

Напуштањето на Челзи е најтешката одлука која сум ја донел во кариерата. Сега кога се е завршено сакам да дадам до знаење дека секогаш давав максимум и навистина ја сакам секоја секунда која ја поминав во овој клуб. Дојдов кога имав само 21 година и со вас станав човек и играч. На крај поради Челзи станав капитен на репрезентацијата на Белгија. Имаше тешки моменти, но уживав овие години тука.

Постојат многу фантастични моменти кои ги доживеавме заедно, но и такви кои се уште не болат. Навивачите за мене се посебни бидејќи ми даваа фантастична поддршка. Без вас ништо не би било можно и ви благодарам на се. Имаме многу спомени заедно и среќен сум што заминувам со титулата во Лигата на Европа“.

Челзи и навивачите на овој клуб секогаш ќе бидат во моето срце и секако дека ќе продолжам да ги следам натпреварите на овој клуб. Се надевам дека ќе играме едни против други во Лигата на шампионите и дека ќе се сретнеме многу брзо. Пред да заминам сакам уште еднаш да се заблагодарам на сите во клубот и се што направија за мене во сите овие години. На крајот му благодарам на господинот Абрамович и неговите помошници што сфатија дека имам два големи сона. Еден го исполнив кога заиграв за Челзи, а вториот го исполнувам со играњето за Реал Мадрид. Ви посакувам се најдобро во иднина, порача Азар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.