Натпреварот помеѓу Данска и Белгија беше запрен во 10.минута алудирајќи на бројот на дресот кој го носи Ериксен, а целиот стадион заедно со играчите на двете репрезентации со аплауз му дадоа поддршка на Данецот кој се уште е во болница по колабирањето на терен од пред неколку дена. Ова е прв целосен натпревар на Данците по траорниот момент кој им се случи на средбата против Финска кога свеста ја загуби нивниот најдобар играч, Кристијан Ериксен.

УЕФА пак го поддржа Ериксен така што малку ја промени кореографијата пред почетокот на натпреварот, па на големиот дрес кој излегува за секоја репрезентација пред почетокот на натпреварот беше испишано името на Ериксен, како и неговиот број 10.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.