Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, поради жолти картони нема да може да и помогне на македонската репрезентација на вечерашниот натпревар со Италија во баражот за Светското првенство 2022.

Елмас верува дека неговите репрезентативни колеги можат да направат изненадување и шансите ги проценува на 50-50.

– Искрено, нè очекува многу тежок натпревар. Ги познавам многу добро фудбалерите на Италија. Играат многу поразлично од порано. Многу побрзо, поофанзивно, технички и тактички на врвно ново. Индивидуално се многу силни на секоја позиција. Соиграчите од Наполи велат дека се свесни за тежината на натпреварот. Велат дека воопшто нема да биде лесно меч за нив. Нè анализираат во детали, знаат дека е само еден натпревар, свесни се за нашиот квалитет и не смеат да не потценат. Шансите се 50-50. Верувам во моите соиграчи, знам дека ќе го дадат максимумот и ќе направиме нов, историски успех. Имаме квалитет и ова е нова шанса да се претставиме во најдоброто издание, смета Елмас.

Што се однесува до отсуствата, и Италија има проблеми. Можно е да не настапат и двата столба на одбраната, Бонучи и Кјелини, но Елмас смета дека Македонија треба да го запре средниот ред.

– Одбраната може да биде мал проблем за Италијанците. Фудбалерите кои се стандардни во дефанзивата со години, сега се соочува со повреди. Средниот ред е клучната алка и ако го затвориме тој простор ќе биде проблем за нив, сподели македонскиот креативец



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.