Мечот против Австрија е голема лекција за македонската репрезентација, вели Елиф Елмас, кој се надева на позитивни резултати во наредните натпревари.

Во првото полувреме одигравме добро, но … сега почувстувавме колку е големо ова Европско првенство, ова е добра лекција. Имаме уште натпревари, ништо не е загубено, се надевам на подобри резултати на другите два натпревариСе надевам дека ќе извадиме поука од овој меч и со поголема самодоверба ќе влеземе во следните натпревари. Ова е прво Европско првенство за нас, имавме и малку трема, но овој меч останува зад нас, сега треба да гледаме само напред, вели Елмас, кој се надева на подобро издание против Украина за три дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.