Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, ги одигра последните 15-тина минути во синоќешната убедлива победа на Наполи против Рома (4-0) и тоа со солзи во очите, но не поради смртта на Марадона, во чија чест беше посветен триумфот, туку поради – смрт во семејството.

Според пишувањата на „Инфоспорт.мк“, еден од најзаслужните што Македонија ќе игра на ЕП 2021 вчера на пладне дознал дека починал неговиот омилен дедо, со кого, барем според кажаното во досегашните интервјуа, бил многу близок. Но, тоа не го спречи да ги изврши своите професионални обврски и да одигра најдобро што знае, со оглед што беше придонесе при третиот погодок на составот од Неапол, кој беше дело на Мертенс.

Елмас денеска се очекува да пристигне во Скопје за да присуствува на погребот на својот омилен дедо, за што доби дозвола од тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо и од управата на клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.