Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, го стигна Горан Пандев со бројот на настапи во дресот на Наполи.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, со последниот настап против Торино, Елмас ја достигна бројката на 124 настапи, колку што имаше Пандев во својата кариера во дресот на тимот од Неапол.

Елмас е дел од Наполи од 2019 година, додека, Пандев беше дел од овој тим од 2011 до 2014 година.

Според бројот на настапи, двајцата го делат 108 место на вечната листа со најголем број на настапи во дресот на Наполи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.