Поранешниот претседател на Сантос, Марсело Тешеира раскажал како во 2006 година успеа да го запре Нејмар да замине во Реал Мадрид.

Тој се восхитуваше на Реал од тоа време. Му понудивме на неговиот татко еден милион долари да остане во тимот. Лесно се согласи. Сите членови на управата на клубот ме нарекоа луд, но знаев дека Нејмар е посебен. Сантос требаше да го задржи. Беше тешка одлука, но на крајот се покажа дека е вистинската, истакна Тешеира.

Не водевме преговари со Реал Мадрид. Сè што правев беше со цел да го задржам во клубот. Во тие денови, односите меѓу Сантос и Реал Мадрид беа затегнати поради трансферот на Робињо. Но, на крајот ги задржавме правата на Нејмар, додал поранешниот прв човек на бразилскиот клуб.

Подоцна, Нејмар замина во Барселона за официјално 57 милиони евра, сума која подоцна се искачила на 86 милиони, а според некои документи Сантош добил 134 милиони евра за него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.