Некогашниот член на Барселона, дваесетиседум годишниот Максимилијано Ролон, загина во сообраќајна несреќа, а со него почина и брат му кој бил во возилото. Браќата биле во возило марка „Фиат Браво“, кога возачот загубил контрола над автомобилот и удрили во дрво.

Макси стана славен пред речиси 10 години, кога дојде во Барселона, односно во школата Ла Масија. Иако не доби шанса да заигра во првиот тим, одигра две добри сезони во Барселона Б, а со младинскиот тим се радуваше на освојување на Лигата на шампиони за младинци. По заминувањето од Барселона, напаѓачот кратко време помина во Сантос во Бразил, а потоа играше во шпанскиот Луго. Единственото прволигашко искуство го имаше во тимот на Арсенал Саранди во Аргентина во сезоната 2017/18.

Неговиот три години постар брат Ариел играше за Хуракан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.