Поранешниот холандски фудбалски репрезентативец, Едгар Давидс, по седум години пауза повторно ќе работи како тренер. Португалскиот спортски весник „А Бола“ открива дека Давидс е многу блиску до клупата на локалниот Олјаненсе кој се натпреварува во Третата лига.

Давидс направи одлична играчка кариера како член на Ајакс, Милан, Јувентус, Интер, Тотенхем, а кариерата ја заврши во Барнет каде што и почна да работи како играч и тренер. Во јануари 2014 година „раскина“ со англискиот клуб, потоа кратко беше и во репрезентацијата на Холандија до 20 години.

Давидс треба да го замени на клупата Хозе Карлос Араухо чиј договор истече на крајот на 2020 година и истиот не беше продолжен.

Олјаненсе е поранешен прволигаш. Во 2014 година почнаа проблемите и падна во Втората лига, а во 2017 година и во Третата. Моментално е на четвртото место на табелата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.