Британската полиција уапси 64-годишен жител на Северен Јоркшир во случајот со смртта на фудбалерот Емилијано Сала, објави Би-Би-Си. Човек е осомничен за извршување акции што довеле до смрт поради небрежност.
По апсењето, човекот се согласил да соработува со истрагата и бил ослободен. Полицијата не го открива идентитет на лицето и бара да не се шпекулира за случајот.

Дваесет и осумгодишниот Сала во јануари оваа година се пресели од Нант во Кардиф за 15 милиони фунти. На патот од Франција до Велика Британија, приватниот авион се урна при што загина Сала заедно со пилотот Дејвид Иботсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.