Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ е ѕвездата која го украде шоуто во Катар. Пред натпреварот помеѓу Хрватска и Канада таа замина да ги поздрави навивачите кои се загреваа за фудбалскиот спектакл, а тие ѝ возвратија со „Због једне дивне црне жене“.

Никогаш не знаеш на кого ќе налеташ на Мундијалот! Одлична и искрена интеракција на поранешниот претседател со фановите – стои во описот на снимката.

Грабар Китаровиќ подоцна дојде од трибините, односно од свечената ложа за да ги бодри хрватските фудбалери. Како што најави, облекла народна носија која во ткаењето има црвено-бели полиња, а ја искомбинирала со ланче од корали.

Кодексот на облекување на свечената платформа дозволува свечено одело или традиционална облека, односно национална носија. Патем, тоа е правило и во дипломатијата. Националната носија е многу прифатен начин на облекување во свечени пригоди. Така ќе ме видите во типични хрватски и црвено-бели комбинации на одела и костими или нивни комбинации, што е одлична промоција на Хрватска, најави претходно Грабар-Китаровиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.