Иако имаат уште две години договор со тренерот Пеп Гвардиола, во Манчестер сити почнале да го подготвуваат теренот за негово заминување. Клубот го ангажирал Џовани Ван Бронкхорст на кого му е даден пристап до сите податоци, а тоа во англиските медиуми се толкува како подготовка за негово ангажирање како тренер на тимот кога ќе си оди Гвардиола.

Некогашниот холандски репрезентативец, Ван Бронкхорст има 44 години и веќе неколку години  работи како тренер, а на крајот на минатата сезона се раздели со Феенорд. Тој добро се познава со повеќе лица од стручниот кадар и од управата на Сити, бидејќи со нив соработуваше додека играше за Барселона.

Гвардиола засега нема израрено немера да си оди од англискиот првак, но исто така не спомнува дека има желба да го продолжи договорот кој му истекува летото 2021.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.