Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Финска и Азербејџан.

Нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски смета дека иако натпреварите се пријателски ќе се обидеме да ги добиеме.

– Треба да веруваме во себе и да одиграме на високо ниво. Почит за фудбалерите кои дојдоа да ги одиграат овие два натпревари, затоа што не е лесно после голем број клупски мечеви да се остане на топ ниво. Овие пријателски натпревари сакаме да ги добиеме, без разлика што не се за бодови. Важно е да нема повреди. Со добри резултати одиме напред. Без разлика на ранкингот, нема фаворити. Секогаш треба да сме на ниво, истакна Алиоски.

Середбите ќе се одиграат на 17 и 20 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.