На Огнен Врањеш никако да му тргне. Откако се разведе и расчисти со Јелена Карлеуша, повторно има проблеми. Овој пат не станува збор за неговата поранешна афера со пејачката туку за прославата на роденденот.

Познато е дека Врањеш го прослави роденденот навистина луксузно, во клуб во Атина, а за забавата се погрижи најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. За тоа, фудбалерот издови дури 50.000 евра.

Лудата забава на која се точеше алкохол и се лудуваше до зори не им се допаднала на газдите на АЕК, па тие решија да го казнат со две плати, а тоа е ни помалку ни повеќе 100.000 евра.

Скапа забава, зарем не?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.