Екипите на Манчестер сити и на ПСЖ, чии сопственици се богати арапски шеици од Блискиот Исток, ќе играат во групата А во Лигата на шампионите. Дополнителна атрактивност на оваа „група на смртта“ и даваaт Лајпциг и Клуб Бриж.

Ждрепката за групната фаза од најквалитетното клупско натпреварување во Европа сакаше да има уште неколку големи дербија во почетниот дел од натпреварувањето. Така, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во европски класици какви што се дуелите Баерн Минхен – Барселона, Атлетико Мадрид – Ливерпул или Челзи – Јувентус.

Интересна ќе биде и групата Д, во која ќе има реприза на ланското групно натпреварување во дуелите на Интер, Реал Мадрид и Шахтјор, а друштво ќе им прави дебитантот Шериф Тираспол од Молдавија.

Можеби не толку атрактивни, но многу изедначени ќе бидат групите Ц (Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд, Ајакс и Бешикташ), како и Г (Лил, Севиља, Салцбург, Вофзбург).

Група А: Манчестер сити, ПСЖ, Лајпциг, Клуб Бриж

Група Б: Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто, Милан

Група Ц: Спортинг, Борусија Дортмунд, Ајакс, Бешикташ

Група Д: Интер, Реал Мадрид, Шахтјор, Шериф Тираспол

Група Е: Баерн Минхен, Барселона, бенфика, Динамо Киев

Група Ф: Вилјареал, Манчестер јунајтед, Аталанта, Јанг Бојс

Група Г: Лил, Севиља, Салцбург, Волфзбург

Група Х: Челзи, Јувентус, Зенит, Малме

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.