Натпреварот од 10. коло од шампионатот на Шпанија меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одржи на 18 декември, според официјалната веб-страница на Фудбалската федерација на земјата. Времето за почеток на средбата сè уште не е објавено.

Се посочува дека таква одлука донесе Комитет за натпреварување, анализирајќи ги предлозите на двата клуба, при тоа разгледувајќи го и извештајот на претставниците на федерацијата за можноста за термин на натпреварот.

„Ел Класико” првично требаше да се одржи на 26 октомври. Натпреварот беше одложен поради масовните протести во Каталонија. Жителите на регионот излегоа на улиците, протестирајќи против затворските казни за водачите на движењето за независност во регионот.

Претходно, Лигата се спротивстави на одржувањето на натпреварот на 18 декември, бидејќи дуели од Купот на Шпанија ќе се играат тој ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.