Дождот нема да ги спречи фудбалерите вечерва да квалификацискиот меч на градскиот стадион во Скопје. Играчите се загреваат на мокриот терен, а дождот не престанува да паѓа. Селекторите на македонската и германската репрезентација, Благоја Милевски и Ханс-Дитер Флик, ги одредија почетните единаесетмина играчи кои ќе излезат на теренот.

На нашиот гол ќе биде стандардниот Столе Димитриевски; во одбраната лево Езџан Алиоски, стопери Дарко Велковски и Висар Муслиу, а десно капитенот Стефан Ристовски; во средината триото Аријан Адеми, Бобан Николов и Тихомир Костадинов; лево крило Елиф Елмас, десно крило Дарко Чурлинов и најистурен искусниот Адис Јаховиќ.

Германскиот селектор Ханси Флик се одлучи за Мануел Нојер на голот; во одбраната лево Давид Раум, стоперите Тило Керер и Никлас Зиле, десно Лукас Клостерман; во средината двоецот Јосуа Кимих и Леон Горецка; во офанзивата Каи Хаверц, Томас Милер и Серж Гнабри; во нападот најистурен Тимо Вернер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.