Најбројната навивачка група, Комити, вчера покренаа хуманитарна акција за помош на легендарниот голман на „црвено – црните“ Драган Мутибариќ. Познато е дека Муто има здравствени пролеми, има проблеми и со своите финансии па така фановите на Вардар, упатуваат официјален апел наречен – Донирај за Муто.

А Муто е легенда на Вардар, на мак – фудбалот. Го бранел голот на Вардар на 461 натпревар, четири пати бил прогласуван за спортист на Македонија, има и 10 настапи за репрезентацијата на некогашна Југославија.

Тој е единствениот фудбалер на Вардар кој играл и за Тетекс и Шалке, братските клубови на скопските „црвено – црни“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.