Бразилската фудбалска ѕвезда се соочува со обвинение за силување, откако  жена пријавила во полициска станица во Сао Паоло дека на 15 мај Нејмар ја силувал во Париз, пренесува „Глобо Ешпорте“. Името на жената засега се чува во тајност, но според бразилската полиција таа дури сега го пријавила инцидентот затоа што била емоционално шокирана и се плашела да реагира во друга земја.

Нејмар наводно ја запознал жената преку „Инстаграм“, а по кратко допишување се договориле дека таа да дојде во француската престолнина, каде ТОЈ игра за ПСЖ. На 15 мај околу 20 часот, тој во алкохолизирана состојба пристигнал во хотелот „Sofitel Paris Arc de Triomphe“, бил агресивен и насилно ја натерал на сексуален однос.

Претставниците на Нејмар веднаш ги демантираа наводите. Таткото на фудбалерот, кој е и негов агент, за медиумите во Бразил изјавил дека ова е тежок момент и дека ако одма не ја докажат вистината, проблемите ќе се зголемат како снежна топка.

Ако мораме да ги прикажуваме пораките на Нејмар на Ватсап и разговорите со оваа жена, ќе го сториме и тоа, изјавил таткото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.