Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ќе игра во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија, откако со својот Рајо Ваљекано ја совлада Мајорка со 1:0.

Димитриевски во осмата минута од судиското надополнување доби жолт картон поради задржување време.

Голот за Рајо го постигна Оскар Трехо од пенал во 44. минута од првото полувреме.

Покрај Рајо Ваљекано, пласман во полуфиналетоизбори и Валенсија, која го совлада Кадиз со 2:1.

Вечерва играат:

Реал Сосиедад – Бетис

Атлетик Билбао – Реал Мадрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.