Аргентинецот, Пауло Дибала би можел да биде најголемата ѕвезда која летово ќе замине од Јувентус, а една од неговиот потенцијални дестинации е Атлетико Мадрид.

Иднината на аргентинскиот репрезентативец може да биде во шпанската „Ла лига“ откако во „Серија А“ остана под сенката на неговиот клупски колега, Кристијано Роналдо.

Шпанските медиуми пишуваат дека клубот од Мадрид е подготвен да му понуди 100 милиони евра на Јувентус за трансферот на Дибала, за кого сметаат дека ќе биде добра замена за Французинот Антоан Гризман кој неодамна објави дека заминува од клубот.

Сепак, на шпанскиот клуб нема да му биде лесно во битката за играчот на Јувентус, бидејќи за Дибала заинтересирани се и Баерн М., ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.