Серија „А“ ги подели наградите за минатата сезона во Италија. Големата награда за најдобар играч му припадна на претставникот на шампионот Јувентус, Пауло Дибала. Напаѓачот ја заработи наградата со 14 голови и 12 асистенции на 38 натпревари што ги играше во домашното натпреварување.

Објавени се и најдобрите фудбалери по позиции. Во составот на голманите беше прогласен Војчех Шчесни од Јувентус, а меѓу дефанзивците за најдобар е прогласен Стефан де Вриј од Интер.

Со своите 16 асистенции, капитенот на Аталанта Алехандро Гомез ја заработи наградата за најдобар играч од средниот ред, а логично освојувачот на „Златната копачка“, Чиро Имобиле беше прогласен за најдобар напаѓач.

Наградата за најдобар млад играч му припадна на 20-годишниот нашинец Дејан Кулушевски, кој беше активен во Парма за време на оваа кампања.

Победниците беа избрани врз основа на статистиките од натпреварите во Серија „А“, Купот на Италија и Суперкупот на Италија минатата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.