Оваа шокантна снимка е направена на стадионот Мелгар во Перу. За време на фудбалски натпревар помеѓу дечиња до осум години. Едно детенце отиде да изведе аут. Кога ја зема топката и се стрча кон линијата да го изведе аутот пропадна во… шахта. За миг го снема! Родителите почнаа да вриштат и пиштат па се стрчаа кон теренот, додека играчите и стручните штабови на двете екипи отидоа да помогнат на детето. За среќа детенцето е спасено и според информациите поминало без сериозни повреди.

Организаторите на турнирот се извинија и објаснија дека планирале, но заборавиле да го сменат капакот на шахтата кој претходно бил оштетен. А попушти под тежината на несреќното момче.

sportmedia.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.