Селекторот на Франција, Дидие Дешамп го осуди инцидентот на мечот Франција – Германија на фудбалското ЕП кога пред мечот слета параглајдерист и активист на ‘Гринпис’.

На почетокот мислев дека тоа е нешто што е планирано. Беше драматично, но замалку ќе имаме катастрофа. Тоа е срамота. Среќа немаше потешко повредени, само една личност во публиката која помина со мали повреди. Можеше да биде многу посериозно од тоа. Што е до нас, моравме да побегнеме од клупата. Имам мала џумка бидејќи удрив со главата во клупата“, изјави по мечот селекторот на Франција.

Најинтересниот натпревар од првото коло на Европското првенство и припадна на Франција која славеше со 1-0 против Германија, но одличниот натпревар остана во сенка на инцидентот пред почетокот на мечот.

Непосредно пред почетокот на „Алијанц Арената“ слета параглајдерист и активист на ‘Гринпис’ со цел да изврши влијание на светската јавност за глобалното затоплување и загадувањето, но малку фалеше сериозно да настрадаат луѓето на стадионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.