Селекторот на Франција, Дидие Дешам се осврна на наградата „Златната топка“ доделена на напаѓачот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Карим Бензема.

– Ова е нешто неверојатно за него и неговото семејство. Освен колективно освоени титули, ова е највисоката индивидуална награда. Тоа е победа и за францускиот фудбал. Наградата на Карим може да се смета за колективна бидејќи тој е тимски спорт, тој не можеше да ја освои Златната топка без помошта на соиграчите во клубот или во француската репрезентација, изјави Дешам за „ГФФН“.

Триесет и четиригодишниот фудбалер минатата сезона со Реал Мадрид ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите, станувајќи најдобар стрелец во двете натпреварувања. Како дел од Бензема настапува од 2009 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.