Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е целосно задоволен од натпреварот од 9. коло од италијанското првенство против Интер. Јувентус синоќа одигра 1:1 на гостувањето во Милано, спасувајќи се од пораз со гол од пенал постигнат во самиот финиш.

– Првото полувреме беше добро, второто уште подобро. Имавме неколку шанси, па можевме и подобро. Да не заборавиме дека Интер е силен технички и физички, затоа ни требаше големо залагање. На почетокот бевме премногу возбудени од притисокот, но ова е исто така уште една фаза во процесот на раст. Загубивме осум од девет бода во првите три кола, па моравме да почнеме одново од основите – организација и цврста одбрана, изјави Алегри за „ДАЗН“.

По овој натпревар Јувентус е шести на табелата во Серија А со 15 бода, Интер е на третата позиција со 18 бодови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.