Македонија сè уште има шанси да биде дел од Европското првенство во фудбал во 2020 година и тоа преку Лигата на нации, каде што во март ќе играме бараж против Косово, а потоа со победникот од дуелот Грузија – Белорусија во финалето.

Мечот со Косово ќе се игра во Скопје, а денеска во Нион во 12 часот ждрепката ќе покаже дали и финалниот натпревар ќе се игра кај нас, а доколку се случи да бидеме организиратори и на финалниот меч, тоа е мотив повеќе за нашите репрезентативци да стигнат до финалниот натпревар, преку кој ќе имаме шанса за пласман на ЕП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.